Игнорирајќи ги сите вицови, некои наши естрадни дами се заколнати русокоси. Верче Пандиловска, Даниела Темелковска, Маријана Станојковска, Викторија Лоба и Маја Вукичевиќ со години се дел од друштвото на заколнати блондинки.

Можеби понекогаш накусо направиле испад и пробале некоја друга боја, но сепак, русата е таа која е нивни заштитен знак и по што се препознатливи. Но, не се овие дами единствени русокоси на домашната сцена, долга е листата познати на кои долги години токму овие светли нијанси на коса им биле единствениот избор.
Од ерата на Мерилин Монро и нејзиниот филм „Мажите повеќе сакаат русокоси“, па се до Парис Хилтон за русокосите владеат двојни стандарди, односно дека се мега секси, дека знаат супер да се забавуваат, дека се послободни, но не баш паметни.

Но, научниците докажале дека ова тврдење не е точно и застанале во одбрана на русокосите за кои извадија и теза дека дури имаат и највисок коефицинет на интелегенција. Сепак, без оглед, на вицовите и двојните стандарди драги познати блондинки продолжете да си ги негувате долгите руси коси со кои каде и да се појавите нема да поминете незабележани.

Марјана Станојковска – блондинка со идеални пропорции, сон на секој маж!
Маја Вукичевиќ само еднаш беше црна, ама во спот и со перика!
Верица Пандиловска кај себе смени многу работи, но бојата на косата не!
Викторија Лоба откако се појави на сцената до денес му остана верна на барби-имиџот!
Даниела Темелковска – кусите здолништа и русата коса не ги дава за ништо!
Преземено од: Убавина и здравје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.