Премиерот Зоран Заев на Фејсбук се збогуваше од Ѓорѓе Балашевиќ, објавувајќи ја песната „Седум осмини“ во која се споменува Скопје, а посветена е на Македонија.

„Балканот вечерва тагува за Балашевиќ. Но напуштањето на Ѓорѓе е само физичко, неговиот дух е толку голем и исткаен во неговата музика, тој никогаш нема да избледи ниту да биде заборавен. Piči mi srce sedam osmina, U glavi taman kao od vina Opet sam tu u Skopju svoj na svome, milo mome, Ne da se ova stara mašina Cipela cupka sedam osmina, Stihovi klize kao zlatne ribe, mojto libe. Балашевиќ беше повеќе од уметник. Неговите заложби за подобро општество издигнаа многу генерации кои денес ги живеат вредностите и слободите за кои непоштедно се посвети. Мир и слобода. Ни остави големо наследство. Музичко. Општествено. Културно. Човечко. Слава му“, напиша Заев.

Балканот вечерва тагува за Балашевиќ.

Но напуштањето на Ѓорѓе е само физичко, неговиот дух е толку голем и исткаен во…

Posted by Zoran Zaev on Friday, 19 February 2021

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.