Она што подолго време се насетуваше и ќе се случи. Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ ќе стават точка на бракот.Фудбалерот не можеше да го издржи притисокот по аферата на неговата сопруга со Огнен Врањеш, особено откако се појавија разголените фотографии.

Затоа и двајцата одлучија оти е најдобро да се разделат. Договорено е и како ќе го поделат имотот. На Јелена ќе и припадне луксузната куќа на Дедиње, додека пак Душко ќе го задржи станот.Исто така фудбалерот ќе плаќа и по 3.000 месечно издржување за ќерките кои ќе живеат со мајката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.