Поранешниот сопруг на пејачката Ана Николиќ, раперот Стефан Ѓуриќ Раста, кој беше уапсен пред четири недели за поседување 600 грама марихуана, започна да пишува книга, со која ќе го означи почетокот на кампањата за легализација на марихуаната во Србија. Во мемоарите настанати во Централниот затвор во Белград раперот ќе открие сè за својот порок, детали за апсењето, престојот во затвор.

Раста реши да побара уште погласно и порешително од државата да ја легализира марихуаната по излегувањето од затвор. Toj ќе собере јавни личности кои ќе бидат вклучени во таа кампања. Тој верува дека неговата книга ќе крене многу прашина во јавноста и дека ќе го привлече вниманието на медиумите, вели за Информер извор близок на раперот.

Нему му се заканува затвор од три до 10 години. За 27 дена, колку што е во притвор, тој веќе напишал повеќе од сто страници. Стефан ќе објасни во книгата кога и зошто му се предал на овој порок. Тој ќе опише низ што поминал поради апсењето, колку му било тешко да се оддели од ќерка си Тара, но и зошто смета дека е глупаво марихуаната да биде забранета со закон. Тој постојано им кажува на своите цимери дека алкохолот е многу поштетен. Исто така пишува и засвоето здружување со други осудени лица, несогласувања што се случуваат во ќелијата, но и за неговата емоционална состојба.

Тој смета дека книгата ќе се продаде во огромен тираж и дека ќе успее да ја размрда српската јавност. Тој е свесен дека многумина ќе го плукаат и дека половина земја ќе се крене против него под изговор дека ужасно ќе влијае врз децата што масовно го слушаат и го следат, но тој е подготвен да се бори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.