Огњен Врањеш решил да направи гала роденденска прослава во октомври, по повод 30 роденден, на кој би му пеела, ни повеќе ни помалку туку лутата соперничка на неговата поранешна љубовница Јелена Карлеуша, Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Фудбалерот на грчкиот АЕК, кој дојде во центар на интересирањата токму поради аферата со малата од скандал, последните денови преговара со тимот на фолк дивата да му биде специјална гостинка на забавата во Атина.

Огњен не ја познава Цеца, никогаш немал можност да ја запознае, па дури ни кога на лицитација ја купи нејзината огрлица за 3.000 евра. Но и покрај тоа, тој отсекогаш ја ценел и почитувал нејзината работа. Кога бил во тајна врска со Карлеуша, тој дури и на неа и кажувал дека од сите пејачки на есрадата единствено вреди Цеца. Тоа и пречело на Карлеуша, но на Врањеш не му било гајле за тоа. Неодамна решил да направи гала роденденска забава и имал неколку пејачи во оптек, а прва на список му била Цеца. Таа е професионалец и се знае колку бара за настап, а ќе пее најверојатно еден час. Како што слушнав, за тоа ќе биде платена 50.000 евра. Огњен за деталите преговара со нејзините менаџери – рекол изворот близок до Врањеш.

Цеца ќе отседне во најлуксузниот хотел во Атина. Со неа ќе има обезедување и возач.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.