Граѓаните на Врање сметаат дека Лепа Брена е прескапа за да се плати нејзиниот концерт на манифестацијата „Денови на Врање“ која се одржува од 22 до 25 август. Поради тоа покренаа петиција за да се спречи нејзиниот настап а парите да се искористат за болници, училишта и тоалети.

15.000 евра е цената на Брена за настап на плоштад, пишуваат срските медиуми, а граѓаните сметаат дека организаторот ги фрла нивните пари за непотребни нешта. Додека училишните и болничките тоалети се во хаос, Брена можеме да ја слушаме на радио, велат граѓаните.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.