Меѓу 14-мината загинати во тешката сообраќајна несреќа кај Карпалак, животот го изгуби и голем фан на Јелена Карлеуша, вели српската пејачка, која денеска упати сочувство до семејствата на загинатите, како и до сите кои вчера загубија некој.

Во страшна сообраќајна несреќа во Македонија животот го изгубија 14 лица. Меѓу нив беше и Бобан, мојот голем фан кој ми даде многу љубов и поддршка. Бобан фала ти. Засекогаш ќе бидеш во моето срце. Сочувство до семејството. Сочувство до сите кои ги изгубија своите блиски, напиша пејачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.