Иако самиот признава пред камерите дека има долгови, не се откажува од луксузот. Српскиот пејач Дарко Лазиќ неодамна призна дека неговиот минус достигнал милион и половина евра, но тоа не го спречува деновите да ги минува на луксузно зимување на Копаоник.


Дарко позира на Копаоник, а фановите прво што забележаа се улстраскапите патики „Долче и Габана“. Среде коронакриза, кога, како што самиот рече, му биле откажани сите настапи, Дарко носи патики од 775 евра.

Дури и да се купени на попуст, околу 465 евра, тоа е колку што изнесува просечната плата во Србија, пишуваат тамошните медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.