Иако постои законска можност, во Македонија лицата што се во домашен притвор се уште не носат алки со кои ќе се контролира нивното движење доколку излезат надвор од домот.

Овој пропуст пред неколку дена го утврди и Државниот завод за ревизија а во соседството вакви алки се носат одамна.

Најпознатата „наногица“ како што се нарекува во Србија ја носеше Цеца пред 11 години кога беше приведена во акцијата „Сабја“ по убиството на премиерот Ѓинѓиќ.

Таа раскажа какво било искуството со ваква алка.

Предноста на „наногицата“ е што ги имате сите можности на домашни ресурси, т.е. на целиот свој имот. Ги немав привилегиите што ги имаа сите други, морав да бидам исклучиво во дневната соба и вертикално во мојата спална соба. Знам дека Марко Мишковиќ и мојот пријател Мило Ѓурашковиќ, носејќи наногица, можеа да се движат апсолутно насекаде во нивната куќа. Можеа да играат и фудбал во дворот, а јас бев осуден само во дневна и спална соба. Не смеев да шетам по цела куќа, што е законски незамисливо. Не можев да сретнам никого на вратата, а имав две бебиња во куќата. Според законот два часа можеш да одиш во град, јас немав ништо. Ако отидам малку подалеку од пропишаната рута, веднаш се јавува некој. Велат: „Го нарушивте радиусот на движење“. Си се исмејуваа! Осум месеци седев на столчето и на перниците-се пожали Цеца.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.