Телото на пејачот Јасмин Малкочевиќ, чие исчезнување семејството го пријавило во Полициската станица Запад во среда, на 15 декември, во 19 часот и 30 минути, денеска е пронајдено во соба во хотел во Тузла, јавуваат босанските медиуми.

Полициската управа на Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла е известена дека во една од изнајмените соби било пронајдено безживотно тело.

На телото на починатиот не се констатирани траги на повреди или било каков вид насилство, а најверојатно се работи за самоубиство предизвикано од труење со таблети. Дежурниот обвинител ќе издаде наредба за обдукција на телото на починатиот за да се утврдат точните причини за смртта. Во текот на истрагата се утврдуваат сите околности поврзани со овој настан – изјави Адмир Арнаутовиќ, портпарол на Обвинителството на кантонот Тузла, пишува „Аваз“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.