Македонската лото-девојка Марјана Станојковска со емоции се сеќава на својот пријател и некогашен водителски партнер, пејачот Влатко Илиевски кој за жал почина пред точно една година.

„Една година помина…. Се уште не можам да поверувам и не сакам да поверувам… Фалиш Влатче и засекогаш ќе недостасуваш“, напиша Марјана Станојковска.

Веста за Влатко беше дочекана со шок и неверување, а една година подоцна, познатите личности, негови пријатели се присетуваат на бунтовното момче со емотивно срце.

Пред неколку дена и актерот и шоумен Игор Џамбазов исто така се потсети на прерано згаснатиот живот на Влатко. Имено тој летово се наоѓа во Дојран, па се потсети на времето кога таму заедно се дружеле со Влатко.

„Прееска те слушнав на радио. Ја пееше нашата песна. И си помислив… ќе се јавиш за да кажеш дека си пред Дојран. Пријателе млад, недостасуваш до грч“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.