Управата на полицијата во Херцег Нови му го забрани влезот во Црна Гора на пејачот Владо Георгиев до 2030 година, соопшти адвокатската канцеларија Томановиќ, која го застапува Георгиев.

Од оваа адвокатска канцеларија потсетуваат дека Министерството за внатрешни работи на Црна Гора прво ја усвоило нивната жалба, во која е наведено дека забраната за влез е правно неодржлива, бидејќи не е наведена причината поради која би му бил забранет влезот, а потоа полициската управа на Херцег Нови во повторната постапка му го забранила влезот на 10 години.

Во соопштението се изразува уверување дека второстепениот орган ќе ја прифати правната аргументација и ќе ја поништи забраната за влез во Црна Гора на Георгиев, пренесуваат белградските медиуми.
Во меѓународата правна практика, формата на деградирачки третман на поединец секогаш постои кога државата постапува без легитимна цел, со непропорционално и наменско обесправување на поединецот, бидејќи и на странецот при влегување во земјата му припаѓаат права гарантирани со бројни меѓународни правни документи“, се наведува во соопштението на адвокатската канцеларија.

За оваа ситуација се огласи и Владо Георгиев на Твитер.

Поради смртта на патријархот, денеска нема да пишувам на тема продолжување на забраната за мој влез во Црна Гора до 2030-та година“, напиша пејачот.

Да се потсетиме, на крајот на август оваа година, на Георгиев на границата со Црна Гора му беше врачено решение за забрана за влез во земјата. Како што беше наведено тогаш, причините се национална и внатрешна безбедност.

Владо Георгиев често јавно изразува негативни ставови за премиерот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ и неговата Демократската партија на социјалистите. На последните избори тој самостојно водеше интернет кампања против него и неговото делување во Црна Гора, повикувајќи го народот на Црна Гора да гласа за било која друга опција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.