Откако македонскиот претставник во „Ѕвездите на Гранд“, Адам Лабунски, беше дисквалификуван од музичкото шоу од страна на неговиот ментор Марија Шерифовиќ, се огласи и самиот пејач.

Лабунски наводно бил исфрлен поради несогласувањето за хотелската соба каде бил сместен и која не сакал да ја дели со таткото на неговиот противкандидат Данијел Васиќ.

Но, интервјуто за „Ексклузив“ на 1ТВ, каде тој ја обелоденува својата верзија за настаните, е забрането на „Јутјуб“.

Интервјуто на неговиот татко Ибро Лабунски, пак, за „Бекстејџ“, не се емитуваше на „Канал 5“, иако беше најавувано. Причината, како што самиот објаснува на „Фејсбук“, е поради договорот за соработка на телевизијата со „Гранд продукција“.

И таткото и синот ветуваат дека за неколку дена вистината ќе биде објавена насекаде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.