Бекамови сакаат да си си фаќаат сеир на Инстаграм, а неочекувано, наместо шегаџијата Бекам, во тоа предничи неговата сериозна сопруга Викторија.

„Среќна недела! Благодарам, исто така“, напиша Викторија во описот на фотографијата која за еден час собра повеќе од 300.000 лајкови и илјадници коментари. А, некои од обожавателките на поранешниот фудбалер дури и и се заблагодарија за „кадарот“.

„Викторија, ти благодариме за ова“, „Еве како се урива Инстрграм“, „Ми го разубави денот“, “Еве зошто Дејвид има повеќе следбеници од Бруклин“, „Ти благодариме што го сподели со нас“ – се само дел од коментарите на објавата.

Поранешниот фудбалер неодамна доби многу комплименти за својот изглед кога заедно со синовите Ромео и Круз објави фотографија на која сите тројца имаат избланширани фризури.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.