Поранешниот свршеник на Џенифер Лопез, Алекс Родригез, тешко ја прифати веста дека само еден месец по нивното раскинување таа се смири со Бен Афлек, со кого беше во врска пред две децении. Како што пренесуваат американските медиуми, бејзбол играчот, кој воедно е и еден од најбогатите спортисти во САД, реши да потроши 750 милиони долари за да купи 50 отсто од акциите на НБА клубот Минесота Тимбервулфс. Родригез сега е косопственик заедно со досегашниот газда Глен Тејлор.

Алекс Родригез беше заедно со Џенифер Лопез од 2017 година, а се верија во март 2019-тата. Овој април објавија дека раскинуваат по што Лопез беше уловена со поранешното момче, актерот Бен Афлек со кого дури и биле на заеднички романтичен викенд во Монтана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.