Хрватската актерка и ТВ презентерка, Николина Пишек (47), чиј сопруг Видој Ристовиќ, почина на почетокот на мај, полека се враќа во вообичаениот живот. По долги години таа повторно е пред камерите, а на ТВ Уна ќе води емисија која ќе обработува интригантни животни теми.

Додека не почне со работа, Пишек цело лето наоѓа утеха во убави, релаксирачки моменти со ќерката Уна Софија, уживајќи на морскиот брег, а неодамна на Инстаграм сподели серија фотографии од одмор, покажувајќи дека се труди да ги искористи последните денови од летото.

Николина на социјалните мрежи објави неколку фотографии во костим за капење, покажувајќи ја својата витка линија.

Таа особено блесна во едноделниот костим за капење во кафена боја кој одлично ја истакнува исончаната кожа, а морското издание го заокружи со шешир и со исплетена коса во две плетенки, што е дефинитивно, одлична фризура за на плажа.

Сепак, убавата Хрватка, привлече најголемо внимание со далеку попровокативен црвен костим. Таа избра ултрамодерно бикини со минијатурни гаќички и топ кој ги истакнува нејзините гради.

Со таквото бикини, Николина покажа дека знае да ги следи светските трендови, со оглед на тоа што токму ваквите и слични модели на бикини, летово им беа омилено на познатите светски убавици, како Бела Хадид, сестрите Кардашијан, Оливија Кулпо, Хејли Бибер…

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.