Пејачот Стефан Ѓуриќ Раста, уапсен е во петокот, кога полицијата кај него пронајде пет грама марихуана, а потоа по налог на обвинителството, направен е и претрес во неговиот стан, каде е пронајдена голема количина на сканк.

Тој е сослушан пред Вишото обвинителство во Белград, после што одреден му е притвор до 30 дена. Со него уапсено е уште едно лице, кај кое е пронајдено кокаин.

Раста полицијата го следела некое време, а на денот кога е уапсен, наводно имал сомнителен разговор со пријателите.

Мислел дека законот не му може ништо, додека лесните дроги ги користи за лични цели, па не се плашел ни малку. Сепак на полицијата не и остана незабележано неговото безбрижно однесување, снимките и фотографиите на марихуаната кои редовно ги објавуваше. Раста на денот на апсењето го повикал близок пријател и пред крај на повеќеминутниот разговор му рекол да понесе салатичка. На полицијата доволно и било што го чула зборот салатичка, па тргнале во акција. Почекале раперот да го напушти станот, го следеле и на крај го фатиле со дрога – рекол изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.