Поранешниот холивудски продуцент, Харви Вајнстин (69) побарал од Апелацискиот суд во Њујорк да ја отфрли пресудата за сексуален напад и силување, според која тој е виновен. Вајнстин бара да има ново судење.

Во март 2020 година судијата Џејмс Бурк од Судот во њујоршката општина Менхетн, го осуди Вајнстин на 23 години затвор за напад врз поранешната помошничка Мими Хејли и за силување на глумицата Џесика Ман.

Во жалбата, продуцентот негира дека имало сексуални односи без заемна согласност. Вајнстин изнесе неколку аргументи со намера да ја поништи пресудата на Судијата, кого неговите адвокати го нарекоа „ужасно неквалификуван да изрече толку строга казна“.

Вајнстин смета и дека Судијата направил неколку грешки со што ја ускратил непристрасноста на поротата. Доколку му биде поништена казната, Вајнстин се соочува со обвиненија од пет други жртви од Лос Анџелес во времето од 2004 до 2013 година, за што му се заканува казна затвор од 140 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.