Најпознатиот текстописец на сите времиња Марина Туцаковиќ пред два дена доби напад на силно гушење и беше примена во болница во која и беше констатиран коронавирус, а вчера поради влошување на ситуацијата беше приклучена на респиратор.

Нејзиниот син Милан Лача Радуловиќ преку Твитер ја извести нацијата дека неговата мајка е во лоша здравствена состојба и дека бара помош, а ова утро се огласи уште еднаш со порака на својот Твитер.

Го враќам Твитерот кој поради менталната нестабилност морав да го исклучам. Благодарност до сите кои упатуваа добри мисли. На пораките кои ме разнежнија. На запалените свеќи. На човечноста. Во кое никогаш нема да престанам да верувам. Идеме понатаму! Ќе биде се ок, напиша тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.