Хрватската музичка ѕвезда Северина прими вакцина против корона вирусот, по што замина на Малдивите, од каде редовно објавува фотографии како ужива во бикини.

Големо внимание на фановите привлече фотографијата на која Севе се релаксира во лежалка додека во позадина се гледа прекрасен пејсаж од Малдивите.

Каков поглед – напиша кратко Северина под фотографијата која за само неколку часа собра нешто помалку од 30 000 лајкови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Пејачката објави и портрет на кој позира во голема шапка за сонце, шарена шамија и портокалова маица со тенки прерамки.

Уо уо уо, летото се врати – напиша таа, осврнувајќи се на песната „Комарци (Летото се врати)“ на бендот „Аниматори“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

„Убава и секогаш во тренд“, „Најубава“, „Каде е велосипедот“, „Мелем за очи“, „Прекрасна“, се само некои од многуте коментари од бројните фанови на пејачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.