Големо пријателство и одлична соработка ги врзува двете пејачки легенди, Нино Величковски и Мерима Његомир. Последен пат се виделе пред една година, планирале и заеднички дует кој ќе го отпеат на валандовскиот фестивал.

-Ми се јави во август да ми каже дека е болна. И реков да ми ги испрати медицинските наоди. Му ги дадов на нашиот познат доктор Мики Ристевски, кој констатираше дека станувазбор за многу тешко заболување. Мерима имаше рак на панкреас. Пред еден месец и испратив лекови против болки кои ги купив во Македонија, преку заеднички пријател кој и ги достави во домот во Белград. Последен пат се слушнавме пред пет дена. Иако имаше болки и збегнуваше разговори, со мене зборуваше. Во еден миг ми рече „умирам мој Нино“. Во мој стил почнав да ја тешам. И реков дека надежта последна умира. Да се држи и да биде храбра – низ солзи ни изјави Величковски, објавува Женски Магазин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.