Алсин Левент, германски Турчин, кој ја предизвика сообраќајката во Германија, во која животот го изгуби Шабан Шаулиќ, е обожавател на раперката Кари, која е дел од проектот Stolzer Albaner – Горди Албанци.

На неговиот Фејсбук профил српските медиуми пронашле список на музика која ја сака, а тој, констатираат, е многу необичен, па дури и индикативен.

Во српските медиуми веќе се шпекулира дека сообраќајката можеби не е силучајна, а тоа го заклучлуваат токму преку музичките афинитети на Левент.

Тој ја обожава раперката Кари, (која ја протежира извесна раперка Швества Ива, која се фали дека освен е раперка, добра е и како проститутка), која е дел од проектот Stolzer Albaner – Горди Албанци.

Швества Ива (фото: Фејсбук)

Станува збор за проект во кој млади албански рапери кои живеат надвор од татковината, најмногу во Германија, рапуваат за тоа колку е добро што се Албанци и дека како такви можат да водат авантуристички живот. Во спотовите се гледа тенденција за обединување со Косово, наведуваат српските медиуми, односно формирање Голема Албанија.

Оттука тие изведуваат заклучок дека сообраќајната несреќа треба да се земе со резерва и дополнително да се истражи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.