Ќерката на Здравко Чолиќ, Уна наполни 18 години и го прослави својот роденден во друштво на пријателите и семејството.

Како што може да се види на нејзиниот Инстаграм, Уна роденденот го прославила опкружена со балони и свеќи, додека пријателите и честитаа по пат на социјалните мрежи.

Ова е ретка можност јавноста да ѕирне во приватните случувања на семејството на пејачот бидејќи Здравко Чолиќ, покрај по својата музика, познат е по тоа што приватниот живот го држи подалеку од јавноста.

Чола е во брак со Александра од 2001 година. Покрај Уна, Чола ја има и помалата ќерка Лара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.