Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев попладнево е уапсена во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, потврдуваат за „А1он“ од МВР.

Оттаму велат дека таа е спроведена во државен карантин, а ќе биде известен и јавен обвинител.

„На базен во Гевгелија не придржувајќи се до одлуката на Владата и решението за самоизолација од државен санитарен и здравствен инспекторат, а поради постоење на сомневање дека е сторител на казниво дело по чл.205 и чл.206 од Кривичниот законик, лишено од слобода е лицето А. Г (31) од Гевгелија. По комплетирање на настанот, за лицето ќе биде изготвена соодветна кривична постапка“, велат од МВР за „А1он“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.