Српскиот рапер и продуцент Стефан Ѓуриќ – Раста е уапсен денеска во Белград. Според информациите на српските медиуми, поранешниот сопруг на Ана Николиќ бил фатен со неколку пакетчиња марихуана во центарот на српската престолнина.

Полицијата во моментот го претресува и неговиот дом.

Минатата година платил казна од 120.000 динари (околу 1.000 евра), бидејќи полицијата за време на рутинска контрола на сообраќајот му пронашла мала количина марихуана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.