Српскиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ е приведен под сомнение дека утрово околу 4 часот во нишкиот хотел „Амбасадор“ го нападнал режисерот Предраг Гага Антонијевиќ и го удрил неколку пати во главата, дознава „Блиц“.

Антонијевиќ има видливи повреди на лицето.

Како што дознава „Блиц“, Бјелогрлиќ е во нишката полиција, каде чека да даде изјава.

Во меѓувреме на интернет се појави снимка од инцидентот:

Антонијевиќ е автор на филмот „Дара из Јасеновац“, а пред извесно време го обвини Бјелогрлиќ дека му понудил поткуп на почетокот на 2016 година за да го поддржи филмот „Есента на самураите“. Антонијевиќ објави преписка со Бјелогрлиќ од 2016 година, во која се вели дека „може да заработи 100 сома“, а од е-поштата се гледа и дека Антонијевиќ категорично одбива да го стори тоа. Бјелогрлиќ тогаш го негираше тоа и тврдеше дека преписката е фалсификувана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.