Три години траеше моето распаѓање до најситни парчиња, вели Марија Килибарда во искрената исповед за „Стори“ во која 40-годишната водителка зборува за борбата која ја водела со себе зотшо не била она што другите од неа очекуваа – домаќинка и мајка. Вели, денес во нејзиниот партнер Бранислав Вуќелиќ најде љубов и поддршка, и не сака да крие колку е среќна со својот живот.

Нека речат дека ова е излитена приказна, но мажите, со чест на исклучоци, имаат проблем кога покрај себе имаат финансиски независна и слободна жена, зошто не можат да ја моделираат по своите мерки. Затоа, порадо стапуваат во врска со некој кој зависи од нив. Полесно им е да ги задржат ако ги издржуваат. Домаќинка би требало да биде една од најплатените професии, а не нешто што се подразбира дека жената мора да биде. Секако, ако некој се чувствува комотно во тоа, така и треба да биде. Но, живееме во време кога жената мора да има сто улоги и од неа се очекува секоја од нив да ја завршува перфектно. Знаете што? Не мора! Сметам дека битно е жените да научат како да не добира до нив притисокот, туку сами да си го одберат патот, со помош на лица на кои им веруваат. Јас конечно покрај себе имам некој кој е горд на мене. Го прифаќа и она што му смета кај мене и ме поддржува целосно. Кога го имате тоа – го имате вистинското, вели Килибарда.

Вели, мора пред себе да почнеме да ја поставуваме среќата, а не она што „мора“ да се прави.

Три години траеше моето распаѓање до најситни парчиња. Сè ме болеше зошто не бев нешто што другите од мене очекуваа, домаќинка и мајка…Постојано си го поставував прашањето „А што е со сите прекрасни релации на кои работев, фантастичната кариера, не знам колку успешни проекти зад себе“. Секојпат доаѓав до ист заклучок, дека тие не важат зошто не завршив факултет, немам постојана работа, не се омажив и немам деца. Се јадев поради тоа. Но, морав да го надминам тоа, вели Килибарда откривајќи дека имала сесии со психолог кој ѝ помогнал, а најмногу помогнала врската со човек како шти е Бранислав.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.