Јелена Карлеуша повторно не се појави на рочиштето во судскиот спор со Огњен Врањеш! Таа, како што пишуваат српските портали, своето отсуство го оправдала со лекарска документација, која преку својот адвокат му ја доставила на судот.

Лекарот од една приватна белградска клиника потпишал дека Карлеуша е спречена да дојде на судењето зашто има сува вагина и болки во малата карлица!

Јасно е дека Јелена на сите начини го прологнира доаѓањето пред судијата во случајот кој против неа го поднел Врањеш поради јавни закани и навреди. Претседавачот во овој случај решил повторно да ја повика пејачката преку полиција. Наредното рочиште закажано е за 4 септември. Судијата истакнал дека Врањеш веќе два пати не се појавил на суд, но нема ни обврска да се појави – рекол извор близок на судот.

Адвокатите на Врањеш,  Милица Аќимовски и Бранислав Богдановски, потврдиле дека пејачката доставила лекарска документација.

Адвокатот на Јелена достави лекарско уверение, а сите знаеме дека е на море во Турција. Дури достави и авионски билет – рекла адвокатката Аќимовски.

Приведување на пејачката нема да има, иако судот наложи повторно да биде повикана на следното рочиште преку полицијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.