Пејачката Теа Таировиќ е колешката со која Шабан Шаулиќ го имал последниот настап во Германија. Тие заедно пееле ноќта пред несреќата и малку требало и таа да биде во автомобилот на смртта во кој Шабан беше тешко повреден, за да по кусо време во болница и почине.

Теа ги откри детали кои можеле да ја чинат живот.

Имав среќа бидејќи не се враќав со нив. Мојот лет беше закажан за 13 часот, а тие имаа утрински лет. Но ситуацијата можеше да биде сосема поинаква. Имено мене ми се случи незгода бидејќи го изгубив куферот во текот на летот, додека доаѓав во Германија. Шабан и неговиот колега ми рекоа: Да идеше со нашиот лет, немаше да ги изгубиш личните работи! Но ете што може да биде судбина, да одев со нивниот лет и со нивниот автомобил кога се случила несреќата сега не ќе бев жива – потресно раскажала Теа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.