Градоначалникот на Белград проф. Д-р Зоран Радојичиќ одобри големиот српски фолк музичар Предраг Живковиќ Тозовац да биде погребан во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград.

Великанот на народната музика нè напушти. Тој беше единствениот меѓу изведувачите на народна музика, кој секогаш изведуваше песни со голема леснотија – рече Радојичиќ.

Да потсетиме, пејачот Предраг Живковиќ Тозовац почина во вторникот, на 6 април, на 86-годишна возраст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.