Не стивнуваат реакциите по смртта на истакнатиот македонски композитор, аранжер и клавијатурист Тодор Трајчевски кој почина од последици на Ковид-19.

На социјалните мрежи се огласи и една од најдобрите македонски пејачки Сузана Спасовска со која има многу успешни соработки.

„Тешко е.. Тажно е.. Драг Тошка, од самиот почеток на мојата кариера ме воздигна со хитовите кои вечно ќе траат.. Кога љуби мома млада, Робинка, Плати ми, вонвременската „Ти верував до крај“ и многу други.. Тошка нели ќе создававме уште музика и проекти, нели имаше нешто специјално, само за мене??? Ах, драг мој соработнику, пријателе, кој на секое видување пиеше по една голтка од мојот пијалок и велеше дека тоа ми го правиш само мене, за да се пошегуваш и да ме насмееш.. Тошка, кафето и договорите за нови проекти, ете, Бог сакал да останат за некој друг живот. Ти благодарам што имав бескрајно почитување, што чувствував дека сум посебна за тебе во музичката дејност, што од самиот почеток на мојот пат во музиката ми даде сила и поткрепа за следни чекори во кариерата. Драг и почитуван Тошка, почивај во мир, Бог нека ти ги отвори рајските порти, зошто ти беше ангел на земјата што јас успеав да го препознаам. Слава ти!“, напиша Спасовска на „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.