Душко Тошиќ го одложи патот во Кина како би бил крај сопругата Јелена Карлеуша, која минува низ најтешките животни моменти поради смртта на мајка и Дивна. Фудбалскиот репрезентативец на Србија минатата недела требал да се врати на секојдневните обврски во фудбалскиот клуб Гуанжу, но во договор со Драган Стојковиќ Пикси успеал да го продолжи престојот во Србија.

Него сопругата го молела да остане со неа и тој го продолжил својот престој како би и помогнал да излезе од депресија. Додека таа страда по мајка и, тој максимално е посветен на нивните ќерки Ника и Атина, кои се вратија во Белград, откако неколку дена поминаа во Зрењанин кај сестрата на Душко, како не би присуствувале на потресните моменти поради смртта на нивната баба.

За смртта на татко му во септември Душко веднаш допатува од Кина, но таму се врати веднаш по погребот. Меѓутоа сега ситуацијата е поинаква. Тој е свесен дека на сопругата ѝ е тешко поради се што доживеа и подготвен е да ѝ помогне повторно да биде старата. Душко минува време со неа и со децата, а со долги разговори се обидува да ја охрабри и да и стави до знаење дека животот продолжува – открива извор близок до семејството и додава дека Тошиќ е многу внимателен кон Јелена.

Душко пред два дена е фотографиран во еден белградски ресторан на вечера со пријатели и ќерките и таму се задржал два часа. Потоа со девојчињата се упатил кон нивната куќа на Дедиње, каде што ги чекала неутешната Јелена, која куќата ја напушта само во утринските часови кога оди да го посети гробот на мајка си.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.