Астрологот Душан Величковиќ ги предвиде проблемите во бракот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ и разводот на Ана Кокиќ и Никола Раѓен.

Тој направи прогноза за познатите љубовни парови и тврдеше дека ќе дојде до ова што се случи на почетокот на годинава.

Јелена и Душко мораат да се разделат кога тогаш. Многу се сакаат, но тоа не е доволно за брак. Нивната љубов е кармичка. Таа е емоционално незрела, сè е можно, па и трет брак. Јелена има проблем со мажите. Нејзе не ѝ одговара машката енергија. Таа функционира со Душко, бидејќи тој не живее овде. Кога ќе биде во Белград, Јелена ќе направи лом. Инаку тој скандал ќе ја издигне повторно, и тоа ќе и биде последен адут во кaриерата – рекол Душан.

Величковиќ најави дека светла иднина не ги чека ниту Ана Кокиќ и Никола Раѓен, што сега и се потврди.

Ана и Никола имаат проклетство бидејќи се премногу слични. Тие се несериозни и емотивно незрели. Нивниот брак е создаден од некоја сметка, но сфатиле дека се зафркнале. Никола е роден да се оствари во вториот брак – рекол астрологот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.