Почесниот претседател на Социјалистичката партија на Србија, Милутин Мркоњиќ, кој ќе биде погребан задутре во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта во Белград, ќе почива недалеку од својот децениски пријател, пејачот Шабан Шаулиќ.

Гробот каде што ќе биде положен сандакот со телото на Милутин Мркоњиќ е на само неколку метри од гробот на кралот на народната музика.

(фото: A. Nalbantjan)

Длабокото и искрено пријателство на Мркоњиќ со сите членови на семејството Шаулиќ е надалеку познато на српската јавност. Благодарение на тоа пријателство, Мркоњиќ ја запозна пејачката Ана Бекута, жената со која ги помина последните десет години од животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.