Пејачката и по малку актерка Тијана Дапчевиќ со месеци престојува во Скопје бидејќи ја снима серијата „Преспав“, во која ја игра главната женска ролја Германката Ула.

Дапчевиќ открива дека и недостигаат настапите за време на пандемијата, но дека се помирила со моменталната состојба на музичката сцена.

Не живеам од пеење некое време. Ситуацијата е таква каква што е, додава Тијана и објаснува дека снимањето во Македонија е отежнато и дека, како и нејзините колеги, таа ги следи сите пропишани мерки:

Сè работи со маски, сите се исплашени. Страшно е. Сите мерки за заштита се почитуваат. Отидовме во Македонија на 28 септември, бевме тестирани, веднаш добивме резултати, фала му на Бога негативни резултатиПродукцијата побара од нас да бидеме сериозни. Се движевме само од студиото до дома, и тоа е тоа. Немавме други активности. Сè беше снимено без проблеми. Штом завршивме, се вратив во Белград и  ќе останам некое време во Србија.

Пејачката открива дека била многу нервозна на почетокот на снимањето, но дека го надминала со својата љубов кон глумата.

Господ ме благословил бидејќи сум навистина мултиталентирана. На почетокот, сите имавме трема затоа што дотогаш никој од тие актери немаше контакт со ситкомот, но таму се снима по една епизода на ден, а тоа е ужасно тешка и напорна работа, но исто така и радост бидејќи го работиш тоа што го сакаш. Не одам на работа за да работам, туку за да уживам, навистина се чувствувам така затоа што ја сакам мојата работа. Нормално имам и јас тешки денови, но сето тоа минува, единствената поента е дека треба луѓето да си ја сакаат својата работа – заклучи Тијана Дапчевиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.