После скандалот на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“, Марија Шерифовиќ му порачала на сопственикот на продукцијата Саша Поповиќ дека ќе го раскине договорот и во следната сезона нема да биде дел од жирито, доколку тој не ѝ се извини за навредите.

Саша прави шоу, тој е доктор за гледаност, знае кога и со кој да се гиба, но некогаш знае да претера. Овојпат Марија многу се навреди, смета дека не е во ред пред милионска публика да ја прозива на сметка на нејзината сексуалност и изглед, открива пријател на пејачката за „Свет“.

Инцидентот почнал на снимање, кога „на шега“ Поповиќ рекол да не ѝ даваат цвеќе на Шерифовиќ .

Марија е машко, не ѝ треба, дофрлил тој додека во студиото се делел ружи.

Шерифовиќ бурно реагирала.

Не сери Поповиќу! Баш си ѓубре и невоспитан. Ти си педер!, му се развикала таа.

Иако сите мислеле дека станува збор за наместена шега, расправијата продолжила и по снимањето, по што Шерифовиќ лута заминала од студиото. Таа побарала продуцентот јавно да ѝ се извини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.