Телото на пејачот Шабан Шаулиќ пристигнува во Белград со авион кој го испрати Владата на Република Србија во Германија.

Авионот, како што пишуваат српските медиуми, пристигнал околу 20 часот во Германија и околу 21 часот полетал кон Србија. На белградскиот аеродром Никола Тесла се пристигнати возила од погребална услуга, со кои телото ќе биде пренесено до гробиштата во Белград каде ќе биде погребан Шаулиќ

Обдукцијата на Шабан Шаулиќ е завршена денес, а авионот веднаш полетал кон Белград со ковчегот во кој е телото на познатиот пејач.

Погребот на Шабан Шаулиќ ќе биде утре во 15 часот во Алеата на заслужни граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.