Милош Петковиќ познат како Дафина, кој работел како еден од телохранителите на Аркан, за српските медиуми раскажа за инцидент кој се случил на свадбата на Аркан со Цеца. Тоа е еден од ретките моменти кога Аркан збеснал.

Имаше голема контрола на вратите, сите криминалци кои доаѓаа мораа да го остават оружјето. Моравме да најавиме кој доаѓа за да видиме дали е добредојден. Дојде и пејачката Мира Шкориќ и одби да ја претресеме, а ние му јавивме на Аркан. Тој рече пуштете ја, а потоа и удри неколку шамари, вели телохранителот.

На свадбата влегол и непоканет фоторепортер, а Аркан почнал да урла.

Му го зема апаратот, раскажа тој.

Телохранителот вели и дека имале проблем и со фустанот кој Цеца го шиела во Италија. По него морало да оди некој кој не бил осудуван, и требало да најдат таков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.