Помладата ќерка на Душко Тошиќ и Јелена Карлеуша, Ника, тргна по стапките на својот татко, па по одбојката, почна да тренира фудбал.

Имено, популарната пејачка пред неколку дена на својот инстаграм-профил објави снимка која за кратко време го „запали“ Инстаграм. Во неа 11-годишното девојчe раскажува за своите спортски избори, но и за навредите што ги добила на сметката на физичкиот изглед.

Сите ме навредуваа кога почнав да играм одбојка, затоа што бев дебела. Требаше да ослабам. Јас не им одговорив ништо, бев тажна. Си реков: ‘Океј’, а потоа држев диета и ослабнав 12 килограми. Па повторно се здебелив“, раскажува Ника во видеото што го објави Карлеуша.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.