Српската пејачка, Тања Савиќ, по 15 месеци, конечно успеа да ги види своите синови Максим и Ѓорѓе. Тања од вчера повторно го живее животот со своите деца откако ги донесе двата сина во Србија по голготата и нивното киднапирање од страна на нејзиниот сопругот, кој ги однесе во Австралија.

Максим и Ѓорѓе беа со нејзиниот, сè уште легален, сопруг Душан во Австралија, а мајката сега успеа да ги врати во Србија.

Целото семејство се собрало на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград за да ги пречека. Савиќ, видно насмеана, излегла од аеродромот со своите наследници и позирала пред фоторепортерите, објавија српските медиуми.

Јас победив! Воопшто не можам да размислувам за разводот, бидејќи секако победив – кратко изјавила Тања.

На излезот од аеродромот, ги чекала бела лимузина за да ги однесе дома.

Во семејниот дом на нејзините родители во Смедерево, внуците биле пречекани со солзи радосници, особено од нивната баба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TANJA SAVIC (@tanja_savic_private)

Сопругот на Тања, Душан, лани ги однесе синовите во Австралија без нејзино одобрување и таа оттогаш ги немаше видено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.