Српската пејачка Тања Савиќ со месеци не е заедно со своите деца, кои поради коронакризата татко им ги зеде во Австралија, и тоа без нејзино знаење. Денеска таа на својот „Инстаграм“ сподели фотографија под која напиша дека синовите Максим и Ѓорѓе ги нема слушнато пет дена.

Мојата љубов најголема. Се мислам дека ќе дојдете и ќе ве прегрнам. Личност сум што осудува неправда. И секоја штета не може, а да не пројде неказниво. Има веќе пет дена како не сум го слушнала нивниот глас, напиша пејачката.

 

Таа додава дека кога го контактира семејството сите ја игнорираат.

Каде ќе им оди душата. Ако повторно им заѕвонам ме блокираат. Не е ни чудно што се случува и коронавирусот, луѓе се е отидено во пропаст. Јас веќе не можам да ќутам. Нека сите знаат веќе еднаш што ми е направено, напиша таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.