Македонската пејачка Тамара Тодевска, која неодамна ја доби наградата за најдобра пејачка од Македонија ја фестивалот „Best od Rumeli“ во Истанбул, во интервју за „Женски магазин“ искрено раскажува дека ничиј живот, па и нејзиниот, не е како сликите на социјалните мрежи, и открива каква е кога е лута и повредена.

Ех, кога сѐ би било како на Instagram и Facebook. Нормално дека има периоди и кога сум лута, нерасположена, не ми се зборува… Знам да покажувам емоции и не ми е срам од тоа. Знам и да се расплачам од среќа, но и од тага. Работам јавна професија, каде што горе-доле си под континуиран „зум“ на јавноста и некогаш тоа може да биде проблем. Сепак, како поминуваат годините, така и јас некако сè помалку реагирам на навреди, омаловажувањa… Ако порано знаеле многу да ме погодат коментари, навреди, невистини, сега некако сум поотпорна. Веројатно искуството си го прави своето. Живееме во дигитална ера, која носи и позитивни и негативни работи. Говорот на омраза кај нас и тоа како e присутен. Еден ден ти даваат аплаузи, друг ден може ќе те навредуваат во коментари по социјални мрежи… Но, на тастатура секој може да биде јак, а аплаудираат најчесто луѓе кои сакаат да шират љубов, кои не се себични и немаат проблем со самодовербата, со околината. Среќна сум што вториве се побројни и за нив и живеам и работам…и создавам музика, вели Тодевска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.