Дарко Лазиќ и Барбара Бобак наводно се степале на прославата на полнолеството на ќерката на нивниот колега Среќко Кречар. Според написите во српските медиуми, Дарко и Барбара заедно дошле на прославата и биле видно расплоложени. Меѓутоа, кога тргнале дома, жестоко се „подбрале“, а според зборовите на сведоците, дошло и до физичка пресметка.

Беше страшно! Такво недолично однесување на двајца млади е за секаква осуда. Врескаа еден на друг, се расправаа, туркаа, удираа. Таа беше двапати полоша од него. Мошне непријатна ситуација. Видов дека го изгребала по лицето. Луѓето ги разделуваа. Тоа беше пред две недели, но и понатаму се зборува за инцидентот повеќе отколку за забавата, раскажува за „Свет“ еден од гостите и ододава дека Дарко и Барбара продолжиле да се удираат и кога заедно седнале во автомобилот.

Иако двајцата демантираа, српските медиуми дојдоа до фотографии по меѓусебната тепачка помеѓу Дарко Лазиќ и неговата девојка Барбара Бобак.

Како што се гледа на фотографиите, Барбара носи помагало околу вратот по здобиените повреди од пејачот.

Таа била итно примена во една болница, додека пејачот цело време стоел на страна и оставил докторите да си ја вршат работата.

Имено се започнало кога тие од една роденденска прослава тргнале да си одат дома, па наместо тоа настанал хаосот.

Дарко и Барбара жестоко започнале да се расправаат и започнале да се навредуваат, по што следувало и физичка пресметка.

Според информациите на сведоците и двајцата биле под дејство на алкохол, а продолжиле да се тепаат и кога влегле во автомобилот, по што Дарко започнал да лупа насекаде во него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.