Без да знае, Јелена Карлеуша предизвикала вистински хаос во луксузниот ресорт каде беше сместена за време на одморот со ќерките Атина и Ника во Анталија.

Како што пишуваат сроските медиуми, во истиот хотел летувал и славниот турскиот актер Миран Асланбеј, кој пред два месеца почна да ги лајкува фотографиите на пејачката. Тоа предизвикало напад на љубомора кај неговата долгогодишна девојка и свршеница Сандра, која го фатила дека ги гледа фотографиите на Јелена на „Инстаграм“.

Инаку, актерот ја следи Јелена уште од времето кога нејзиниот сопруг Душко Тошиќ играше фудбал за Бешикташ, а таа стана позната во Турција.

На Јелена ѝ е преку глава да ја спојуваат со некого секогаш кога ќе замине некаде без Душко. Медиумите во Турција пишуваа дека на Миран му се допаѓа Јелена, а целата ситуација дополнително ја подгреаја неговите лајкови на нејзините фотографии. Не знам дали е случајност што и двајцата се најдоа на летување во Анталија или Миран допатувал откако дознал дека е таму. Како и да е, тоа предизвика расправија меѓу Миран и Сандра, кои би требало да се венчаат летово. Се скараа и таа во наплив на гнев го искрши апартманот. Беше убедена дека Миран и Јелена се заедно во Анталија, иако тие не се ни сретнаа таму, раскажа за „Свет“ извор близок на пејачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.