Пејачката Светлана Цеца Ражантовиќ по долго време го претстави своето момче во јавноста, станува збор за Богдан Срејовиќ со кого некое време веќе е во врска.

Оваа вест многумина ја дочекаа со воодушевување, бидејќи пејачката долго време не беше среќна на љубовен план. Цеца веќе две децении е вдовица, а во меѓувреме немала сериозни врски, пренесуваат српските медиуми.

Со оглед дека пејачката ги запознала и децата со него, астролозите предвидуваат каква иднина ќе има Цеца.

Имено тие велат дека пејачката би можела да застане на лудиот камен.

-Цеца минатата година влезе во судбинската година, затоа и се случија многу убави работи. Доби внук, многу прослави, како и се роди љубовта. Оваа година е година на петките во која многу вистини ќе испловат на виделина. Затоа Цеца оваа година ги открива своите емоции, не е исклучено до крајот на оваа година да се венча, тоа и стои во родниот код, втор брак, но во зрели години, вели астрологот Весна Ривас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.