Српската водителка Сузана Манчиќ (62) за српски „Телеграф“ зборуваше за времето поминато во изолација поради коронавирусот, колку тој влијаел врз неа и врз сите нас.

Таа признава дека е многу внимателна и дека се плаши од болеста, особено затоа што од вирусот ѝ починаа двајца блиски пријатели.

Се променивме, како да го допревме дното на животот. Еве, јас на пример многу посигурно се чувствувам на отворено, отколку внатре, не се поздравувам, не се бакнувам, не се прегрнувам, ништо од тоа веќе нема. Луѓето се чудат, но нека биде така некое време, зошто не сакам луѓето да ме плашат. Ни остави короната траги врз сите, посебно нам кои изгубивме некој, а јас ги загубив двајца, изјави таа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.