Жељко и Јована Јоксимовиќ беа дел од познатите личности кои пред една недела го прославуваа раѓањето на Жељко Ражнатовиќ во вилата на Цеца на Дедиње. Откако пејачката и синот Вељко вчера открија дека се позитивни на новиот коронавирус, сите гости беа испратени на тестирање.

Музичарот и водителката денеска ги добија резултатите.

Негативни сме, порачаа Јоксимовиќ за српските медиуми.

Вчера „Пинк“ повикувајќи се на свои извори пренесе дека Јована е заразена, но ПЦР тестовите и на двајцата покажаа негативни резултати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.