Стендап настапот на Надица Петрова, „Не се курчи“ ќе биде премиерно изведен на 22 март во 21 часот во центарот Јавна соба. По подолго време, неуморната Петрова која има преку 30 успешни изведби на „One wo-man comedy show“, „Која сум Јас“, излегува пред публиката со нешто што ќе ја насмее скопската публика до солзи.

Кој сум јас низ оваа лична борба и која е цената на соочувањето преку оваа реалност?! -се прашањата со кои Надица ќе допре и во нашите имтимни приказни.

Јавна соба како подиум за поддршка на независната сцена им овозможува на независните уметници да излезат на слободен пазар – јавност, и да го побараат реалниот суд за нивните дела. Благодарејќи на самоосвестените артисти како Надица, па и ред други актери кои со своите храбри стендап програми се преставуваат пред публиката, не само што вешто креираат сопствена егзистенција и промоција, туку го подигаат нивото на општествена критика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.