Стефан Живоиновиќ наполни 27 години, а својот роденден го прослави за невообичено место за оваа прилика.

Имено, Стефан со својот татко Бобо, синоќа отишол во еден белградски хипермаркет како би купиле потребни намирници за дома. Во тек на купувањето, дошла полноќ, па младиот пејач и миленикот на дамите, роденденот го дочекал меѓу рафтовите.

После тоа тој и Бобо се упатиле во семејниот дом, каде бил остатокот од семејството Живоиновиќ. Тие веднаш го изгушкале Стефан, му честитале и му посакале најубави желби.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.