Српскиот одбојкарски репрезентативец, Александар Атанасијевиќ е позитивен на коронавирус. Тој се наоѓа во домашна самоизолација и засега не знае како се заразил.

Позитивен сум на коронавирус, не знам како се заразив. Се надевам дека не ги заразив моите родители и пријатели. Сакам да се опоравам што е можно поскоро “, рече Атанасијевиќ, кој ќе треба да помине две недели во самоизолација.

Инаку, само пред три дена Атанасијевиќ кој веќе ја заразил својата мајка, гостувал во емисијата „Амиџи шоу“ каде Александар бил во контакт со водителот на емисијата, Огнен Амиџиќ и со уште 5 други гости.

Инаку, овој репрезентативец кој е член на Перуџа, во меѓувреме правел операција на коленото, но тогаш бил негативен на тестот за „Ковид-19“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.